- Это клевета, я встаю с первым лучом солнца.
За да користите од најновите светки за GNU/Linux работната околина, потребни ви се Compiz Fusion додатоците. Но, со стандардната алатка за нивно вклучување во Fedora, а воопшто и во секоја останата дистрибуција (со чесен исклучок на Ubuntu) ова не оди така едноставно.
Со вклучувањето на Desktop Effects се вклучуваат само два додатоци на Compiz: Desktop Cube и Wobbly Windows. За да ги вклучите Fusion светките мора да ја вклучите fusion-icon алатката. Ова не е многу практично, најмногу поради тоа што ќе ви го „исклучи" екранот на неколку секунди. Еве како веднаш да ги вклучите светките кога сте во GNOME работната околина:
- Отворете ја датотеката /usr/bin/gnome-wm
- Движете се надолу во датотеката додека не стигнете каде што пишува:
case `basename $WINDOW_MANAGER` in
compiz) - Сега, променете ја линијата
OPT4=gconf
воOPT4=ccp
- Зачувајте ја датотеката и одлогирајте се од сесијата. Повторно влезете и voil?! Имате Compiz Fusion без fusion-icon.
9 мая - день победы!
Cноубординг с Subaru
Продвинутые сателлиты
Комментариев нет:
Отправить комментарий